СИНТЕЗА

Центарот за раст и развој на личноста СИНТЕЗА постои со цел подобрување на менталното здравје и квалитетот на живеењето на индивидуи, парови и семејства. Своите услуги ги користи и во насока на остварување посакувани цели на групи и оганизации. Истото го постигнувате користејќи проверени методи и техники зад кои стојат акредитирани школи.

Лариса Стојковиќ Трајкоска

Основач на здружението Синтеза, психолог, гешталт терапевт, НЛП едукатор и коуч. Богато искуство, едукативно и практично – во работа со клиенти од сите возрасни групи. Едукатор и тренер на бројни работилници и семинари од областа на психологијата.

Ирина Николовска

Координатор на здружението Синтеза, лиценциран психолог, интегративен советник и гешталт терапевт под супервизија. Повеќегодишно искуство во советодоавна работа со индивидуи и групи од различни возрасти. Едукатор и организатор на бројни психолошки работилници.