УСЛУГИ

Психотерапија – процес на третирање психички проблеми и нарушувања, во форма на разговор меѓу клинет и обучен терапевт. Помага за намалување на емоционална вознемиреност, анксиозност, стравови и депресивност. Корисна е за доаѓање до решенија за животните проблеми како справување со разочарувања, тага, семејни проблеми, незадоволство во работата и кариерата. Психотерапијата го модификува размислувањето и однесувањето кое не спречува да уживаме во односот кон себе, другите, околината и да работиме исполнувачки и продуктивно.

Психолошко советување пракса фокусирана на тоа како луѓето функционираат на лично ниво и во меѓучовечките односи. Советодавната психологија се занимава со типични емоционални, социјални, професионални, училишни и здравствени проблеми што луѓето можат да ги имаат во различни фази од нивниот живот, во рамки на секојдневните животни стресови и потешкотии со кои може да се соочуваат како индивидуи или како дел од семејство, групи и организации.

Психодијагностика – употреба на валидни и релијабилни тестови за вршење проценка од страна на психолог. Нивната употреба обезбедува увид и разбирање на комплексноста на мисловните процеси, личносно функционирање, состојби и расположенија. Се употребуваат како дел од сеопфатна евалуација, за дијагностичка прецизност и панирање соодветен третман на клинетот.

НЛП Едукација – примена на НЛП техниките во насока на личен развој и постигнување посакувана промена. НЛП метотод е еден од најшироко употребуваните методи за личен развој во денешницата и може да се користи како индивидуално, така и организациски. Бенефирите се бројни како – ширење на свеснот, мотивација, остварување цели, промени во шемите на размислување и однесување и др.

Коучинг – процес во кој преку комбинирани техники и алатки за развој на личноста, групата или организацијата ѝ се помага да се менува на начин на кој посакува и да се движи во насоката во која посакува. Тренерот ја поддржува личноста/тимот/организацијата да постане тоа што сака да биде, преку ширење на свесноста, одговорноста, капацитетите, и на тој начин ја води кон постигнување на посакуваните промени.