Вежба за личен развој: третирајте се себе си како свој најдобар пријател

Кога работите во животот не одат според вашиот план, обидете се да градите однос кон себе како кон добар пријател/ка и следете ги резултатите на ваквиот пристап. Колку повеќе вежбате да се однесувате на овој начин кон себе си, толку поприродна ќе ви стане оваа навика.

Инструкции за вежбата:

Прв чекор – Потсетете се на период или ситуација кога ваш најблизок пријател/ка минувал/а низ болка, тага или животна непријатност. Запишете ги сите нешта кои би ги направиле и кажале на него/неа и забележете го тонот на гласот со кој би го направиле тоа.

  • Ситуацијата во која се наоѓа пријателот/ката:

  • Вашиот одговор:

Втор чекор – Потсетете се на период и ситуација кога вие сте се бореле. Можеби токму во моментов има нешто во вашиот живот поради кое не се чувствувате добро? Запишете што сѐ би направиле и кажале на себе си, и со каков тон на гласот би го правиле тоа.

  • Вашата ситуација:

  • Вашиот одговор:

Трет чекор – Запишете ја разликата помеѓу тоа како се поставувате кон својот најдобар пријател/ка, а како кон себе си? Ако постои значајна разлика, запрашајте се зошто е тоа така и запишете што ве води да се однесувате кон себе си другите на толку различен начин.

Четврт чекор – Најпосле, запишете како можеле да се променат нештата ако се однесувате кон себе си како што се однесувате кон свој најдобар пријател.

Целта на вежбата: преку оваа вежба се освестува дискрепанцата која постои меѓу нашиот однос кон себе си и кон другите. Исто така, преку неа се вежба сочувство кон себе си, како и однос кон себе кој не е ниту себецентричен и нарцисоиден, ниту пак води кон себе повлекување и самопонижување.

Учењето на здрава самоподдршка е вештина која е од исклучително значење за субјективната добросотојба.

Развивање на свесноста за себе и јас во однос со другите

(0) razvivanje-na-sevesnosta-so-sebe-i-jas-vo-odnos-so-drugite-sinteza.mk

Центар „Синтеза“ ви ја најавува првата од низата осум работилници во рамките на проектот „Поддршка на жените преку изградба на капацитетите за личен развој и самопочитување“, кој ќе се реализира во просториите на Центарот „Синтеза“ во Прилеп.
Тема на работилницата: „Развивање на свеста за себе и јас во однос со другите“
Датум: 29. 02. 2020 од 9.30 до 16.30 часот

Работилницата ќе ја водат:
Лариса Стојкович Трајкоска, гешталт психотерапевт и
Анета Јовковска, гешталт советувач

Работилницата е под покровителство на организацијата: Екуменска иницијатива на жените од Омиш, Хрватска и е бесплатна за пријавените учесници.
Бројот на учесници е ограничен на 20.
Пријавувањето на заинтересираните учесници е преку месинџер или на телефон: 078 402 470, најдоцна до 20.02.2020.

Ова е искуствено-едукативна работилница за свесноста. Целта е да се стекне искуство за тоа како можеме да ја истражуваме, прошируваме и продлабочуваме нашата свест.
Зошто е потребно да развиеме свест за себе и за себеси во однос со другите?
Развиената свест за себе е еден од атрибутите на емоционалната интелигенција и важен фактор за постигнување успех. Самосвеста е првиот чекор во креирање на она што го сакаме и добра основа за успешно совладување на ситуациите со кои се соочуваме во животот. Онаму каде што го насочуваме нашето внимание, нашите емоции, реакции и однесување одредува каде одиме во животот.
Да се има развиена самосвесност ни овозможува да видиме каде нѐ водат мислите и емоциите. Исто така, ни овозможува да ја преземеме контролата врз нашите емоции и однесување за да можеме да направиме промени какви што посакуваме. Самосвеста ни овозможува да ги разбереме и други луѓе – како тие нѐ перципираат, нашиот став и нашите одговори кон нив во моментот. Оваа ни овозможува подобри лични и професионални односи.

Што не знам за себе, а влиjае врз моето однесување?

(0) shto-ne-znam-za-sebe-a-vlijae-vrz-moeto-odnesuvanje-sinteza.mk

Работилница за адолесценти. Истражуваме, едуцираме, учиме нови техники и методи, применуваме психотераписка работа во текот на работилницата. Целта е зголемување на свесноста за сопственото доживување и однесување.

Адолесценцијата е период на “бури и олуии”. Адолесценцијата почнува со почетокот на пубертетот и трае неколку години се додека детето не почне да живее живот на наезависна возрасна личност.

Треба да се знае дека пубертетот претставува физички и сексуален развој, а адолесценцијата опфаќа емотивен, социјален и психолошки развој.
Во интерес на адолесцентите и нивниот раст и развој почитувани ви ја најавуваме работилницата на Tема: Што не знам за себе а влиае врз моето однесување?

Возраст: од 12 до 18 години
Дата: 19.08.2019
Време: од 18:00 до 21:00h
Пријавувањето е задолжително до 18.08.2019
За сите подетални информаци информирајте се на:
тел.078/849-813 и 078/402-470
e-mail:sinteza.larisa@yahoo.com

Работилницата ја водат
Лариса С.Трајкоска-психолог-Гешталт психотерапевт, НЛП едукатор
Евгенија Петроска-психолог