Препораки од др. Џордан Питерсон

Направете експеримент за личен развој и обидетете се, колку што можете, во период од еден месец доследно да ги применувате следните препораки. Издвојте ги оние на кои сметате дека е најзначајно да обрнете внимание. Забележете ја разликата во вашиот живот.

Препораки од др. Џордан Питерсон, еден од најистакнатите психолози на денешницата:

  1. Кажувајте ја вистината.
  2. Не правете работи кои ги мразите.
  3. Однесувајте се во согласност со своите мисли и чувства.
  4. Целете кон она што ви дава смисла, а не кон она е исплатливо.
  5. Бидете личност која ги прави работите, а не онаа која треба да е видена дека нешто прави.
  6. Обрнувајте внимание.
  7. Претпоставете дека личноста која ја слушате може да знае нешто што ќе ви биде од корист. Обидете се вистински да ја слушате другата страна.
  8. Посветете се и свесно работете на одржување и подобрување на вашата врска со партнерот.
  9. Бидете внимателни со кого споделувате добри вести.
  10. Бидете внимателни со кого споделувате лоши вести.
  11. Каде и да одите, направете барем една работа која би подобрила нешто.
  12. Замислете каква личност би сакале да бидете, и без двумење целете кон тоа.
  13. Не дозволувајте да станете арогантни и огорчени.
  14. Обидете се да направите барем една просторија во вашиот дом, колку што е можно поубава.
  15. Споредувајте се со личноста која бевте вчера, а не со тоа кој е некоја друга денес.
  16. Работете вредно колку што можете на барем една работа, и следете какви промени ќе донесе тоа.  
  17. Ако се уште слабоко ве растажуваат искуства и спомени од минатото, запишете ги внимателно и сеопфатно.
  18. Воспоставете конекција со други луѓе.
  19. Немојте да ги деградирате социјалните институции или културно уметничките постигнувања.
  20. Однесувајте се кон себе си како кон личност за која сте одговорни да се грижите.
  21. Барајте мали услуги од друга личност, така што и таа би можела да побара услуги од вас во идина.
  22. Бидете пријатели со луѓето кои го посакуваат најдоброто за вас.
  23. Не се обидувајте да „спасувате“ некој кој не сака да биде „спасен“.
  24. Бидете многу внимателни „спасувајќи“ некој кој сака да биде „спасен“.
  25. Ништо што е добро направено е незначајно, колку и да е мало.
  26. Средете си го просторот во кој живеете, пред да го критикувате општеството и светот.
  27. Трудете се да изгледате како личноста која сакате да бидете.
  28. Бидете прецизни во вашиот говор.
  29. Стојте исправени, со рамената наназад.
  30. Не избегнувајте нешто што ве плаши, но стои помеѓу вас и тоа што го сакате и ви значи.
  31. Немојте непотребно да правите опасни работи.
  32. Не потиснувајте непријатни работи, сакајќи да ги избегнете.
  33. Читајте дела од одлични автори.
  34. Не дозволувајте да не се спротивставите на неправда.
  35. Запомни, она што веќе го знаеш не е помалку битно од она што не го знаеш.
  36. Бидете храбри и благодарни и во време кога страдате.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *