Што не знам за себе, а влиjае врз моето однесување?

(0) shto-ne-znam-za-sebe-a-vlijae-vrz-moeto-odnesuvanje-sinteza.mk

Работилница за адолесценти. Истражуваме, едуцираме, учиме нови техники и методи, применуваме психотераписка работа во текот на работилницата. Целта е зголемување на свесноста за сопственото доживување и однесување.

Адолесценцијата е период на “бури и олуии”. Адолесценцијата почнува со почетокот на пубертетот и трае неколку години се додека детето не почне да живее живот на наезависна возрасна личност.

Треба да се знае дека пубертетот претставува физички и сексуален развој, а адолесценцијата опфаќа емотивен, социјален и психолошки развој.
Во интерес на адолесцентите и нивниот раст и развој почитувани ви ја најавуваме работилницата на Tема: Што не знам за себе а влиае врз моето однесување?

Возраст: од 12 до 18 години
Дата: 19.08.2019
Време: од 18:00 до 21:00h
Пријавувањето е задолжително до 18.08.2019
За сите подетални информаци информирајте се на:
тел.078/849-813 и 078/402-470
e-mail:sinteza.larisa@yahoo.com

Работилницата ја водат
Лариса С.Трајкоска-психолог-Гешталт психотерапевт, НЛП едукатор
Евгенија Петроска-психолог

За кого е наменета психотерапијата?

(0) za kogo-e-nameneta-psihoterapijata-sinteza.mk

Ако се водиме според статистиката на менталните нарушувања, приближно 1 од 5 лица треба да побара помош од професионалец за ментално здравје. Но ако се водиме од прашањето кој може да има корист од психотерапијата, тогаш бројот е многу поголем.

Ако една од главните цели на терапијата е развој и создавање можности за позитивни промени, тогаш – кој нема потреба од терапија?

Многу луѓе не се борат со сериозни ментални нарушувања, а дел и се активно насочени кон својот личен развој, мотивација и постигнувања. Овде, станува збор за консултирањето психолог во насока на личен развој, најчесто поради следните причини:

  • Барање начин и мотивација за поголема продуктивност и задоволство во работата
  • Потреба од подобрување на комуникацијата и продлабочување на релациите преку емпатија, искреност и посветеност
  • Учење пристап кон неизбежните конфилти како на можност за развој, преку негување асертивност
  • Барање поддршка во процес на минување низ промена (нова работа, нова врска итн.)
  • Поттикнување на автентичноста и себе-изразувањето
  • Проширување на свеснота за себе и воспоставување  исполнувачки контакт со околината

Други луѓе се афектирани од посериозни ментални нарушувања и водат тешки емоционални борби. За нив терапијата е минимумот кој може да им помогне во справувањето со особено тешкото секојдневие. Во овој случај, луѓето може да побараат помош од психолог-терапевт поради:

  • Преоптовареност од негативни мисли и чувства
  • Долготрајно чувство на тага и безнадежност
  • Неможност да се извршуваат секојдневните обврски и задолженија
  • Постојана загриженост, очекување сами на најлош исход и чувство – како да се биде на раб
  • Конзумирање алкохол и дроги на начин на кој е штетен за себе и околината
  • Избувливост, губење контрола и (порив за) агресивни испади…

Поголемиот дел од нас се наоѓаат негде меѓу овие две екстреми. Во тој случај, може да не побараме психолог – терапевт, но доколку го сториме тоа, може да подобриме многу аспекти од нашето живеење:

  • Разбирање како начинот на нашето размислување е поврзан со расположението и емоциите
  • Преиспитување и појаснување на нашите верувања, вредности и стратегии за тоа како најефикасно да стигнеме до посакуваната промена
  • Учење да се комуницира директно и асертивно во врските и реалциите
  • Подобрување на самодовербата – општа и специфична (социјална, интимна..)
  • Носење одлука за некоја значајна промена (развод, преселба итн.)
  • Учење техники за воспитание и родителство
  • Справување со загуба

Зошто секој може да има корист од психотерапијата и психолошкото советување?

Секој има стресори во својот живот, а терапијата нуди можност да разговарате за било кој од нив или за сите. Терапевтот во никој случај нема да ве исмева, критикува или да му досади од вашето зборување (доколку ова е случај, треба да го промените терапевтот). Буквално, нивната работа е да ве слушаат, да се грижат за вашата психичка состојба и да ве водат до промената која ја посакувате.

Може да зборувате за секоја тема што ве загрижува, да се извентилирате за проблемите на работа, да ги подобрите односите со родителите, да го организирате подобро своето секојдневие, да направите план за постигнување на своите кариерни цели, да ја пронајдете својата пасија и да се мотивирате да ги развивате своите таленти, да ги подобрите родитлските вештини, да работите на вашата состојба на анксиозност или депресија, да оттагувате некоја загуба.. и многу повеќе.

И не, психотерапијата не е магично стапче, но процесот може да биде магичен!

Каква состојба е АДХД?

Како што науката го дефинира, хиперактивното нарушување на вниманието (АДХД) или хиперкинетичкото нарушување (ХЦД) е хронично невроразвојно нарушување кое започнува уште во детството, а се карактеризира со значајно зголемено невнимание и/или хиперактивност-импулсивност, надвор од развојните норми. Американската психијатриска асоцијација наведува дека овие нарушувања се едни од најчестите меѓу децата, но исто така се присутни и кај возрасната популација.

За жал, кај децата често погрешно се интерпретира како „лошо“ однесување, а го препознаваме најмногу по тешкотијата да  го одржи вниманието на училиште и да се остане долго на столче (спротивно на она што се бара и е услов во процесот на образование). Дури и меѓу врсниците ова може да се јави како фрустрација, па уште повеќе може детето да биде ставено во изолација.

Кај возрасните лица со АДХД, честа појава е менувањето на професии, работни места, партнери/ки, а состојбата негативно влијае и на општата самодоверба, постигнувањата во образованието, како и во семејното и социјалното функционирање. Симптомите на хиперактивност можат да се јават преку постојана потреба за возбуда, стимулација и импулсивно носење одлуки.

Кои се симптомите на АДХД?

Главните симптомите на АДХД вклучуват: невнимание (неможност да се одржи фокус), хиперактивност (претерано движење и моторна активност во ситуации во кои не е неопходно) и импулсивност (непромислени и избрзани посапки што се пројавуваат без размилување и контрола).

Многу од  АДХД симптомите како – висок степен на активност, проблем да се остане мирен подолго време и лимитирани интервали на концентрирано внимание се вообичаено присутни и кај децата со типичен развој. Разликата со лицата кои имаат АДХД се состои во тоа што нивната хиперактивност и невнимание се значително повисоки од степенот кој е очекуван за нивнта возраст и предизвикува нарушувања и проблеми во секојдневното живеење дома, на училиште, на работа и во социјалната средина.

Во контекст на прашањето, значајно е да се наведе и дека постојат постојат повеќе типови на АДХД. Симптомите при дијагностика се бројни, а дел од нив вклучуваат:

Намалено внимание – неможност да се одржи внимание за детали и правење грешки од немарност при вршење работни или училишни задачи, проблем да се одржи внимание на задачи и активности како лекции, разговори и долго читање, изгледа како да не слуша додека му/и се зборува (неприсутност), не следи инструкции и не ги комплетира зададените задачи (брзо го губи фокусот), има проблем да ја организира работата (лошо менаџирање со време, непридржување до временски рокови, неуредна работа), зборува премногу, лесно се дефокусира, заборава дневни задачи како домашни работи и слично, а кај возрсните да врати на телефонски повик, плати сметки, дојде на состанок итн.

Хиперактивност– Тешкотија да се седи на едно место (во училница, во канцеларија), трчање наоколу или качување по предмети, мрдање и тапкање со раце и нозе, неможност да се игра или одмара тивко, проблем да се чека во линија, одговарање пред да се постави прашањето (неможност да се чека луѓето да ги завршат речениците, не можат да чекаат да дојде нивниот ред за зборување во разговор), ги прекинува другите (во игри и активности, во разговор или почнува да користи работи на другите без дозвола или да го преземат она што веќе го прават другите)

Како се дијагностицира АДХД?

Во праксата, не постои еден единствен тест преку кој се дијагностицира АДХД. Дијагностиката вклучува прибирање на информации од родителите, наставниците, чеклисти, медицинска проценка итн. Во таа насока, постојат прашања кои се дефинирaни за дијaгностички цели, да се утврди дaли детето/лицето имa сaмо нарушување нa недостиг од внимaние, проблем нa контролa нa импулс/хиперaктивност или имa комбинaцијa од двете.

Кој е причинителот за АДХД?

Етиологијата на АДХД е недоволно позната, односно науката се уште не идентификувала точни причинители за АДХД. Досега знаеме дека постои генетска основа поврзана со состојбата на АДХД. Други фактори кои се наведуваат во контекст на развој на АДХД се: предвремено раѓање, повреди на мозокот, пушење кај бремени жени, употреба на алкохол, преголем стрес за време на бременоста и други.

Дали постои ефикасен третман за оваа состојба?

Иако не постои лек за АДХД, и децата и возрасните може да научат да се справуваат со симптомите преку медикаменти и психотерапија. Исто така, има случаи каде некои деца низ развојот, по некој период, едноставно ја надминуваат оваа состојба.

Најефикасен крaткотрaен ефект нa симптомите нa хиперaктивност се постигнува со психостимулaнти. Терaпијaтa со психостимулaнти е нaјкориснa кaј децaтa кои стрaдaaт од значајно висока хиперaктивност, чие внимaние не е во позитивна корелација со нивнaтa интелигенцијa, а немaaт пропратни емоционaлни нaрушувaњa.

Психотерапијата за АДХД вообичаено вклучува идентификување на силните и слабите страни, градење на вештини и едукација за начините за намалување на симптомите. Потребата да се работи со терапевт е значајна поради индивидуалниот пристап да се научат вештини кои помагаат за справување со состојбата, согласно целокупноста и спецификите на личноста и нејзиното живеење. Бихејвиоралната терапија, исто така бележи значајни докази за ефикасност кога станува збор за третман на оваа состојба. Секако, комбинацијата од различни пристапи кои се докажани, води кон подобри резултати.

Како родителите можат да им помогнат на своите деца кои се справуваат со оваа состојба?

Секое дете бара индивидуален пристап. Дури и во клиничкиот пристап прво се зема предвид личноста, а потоа како таа функионира во рамки на утврдената состојба, а не обратно. Оттаму се планираат и преземаат определени чекори кон развој и подобрување.

Сепак, психолозите предлагаат одредени совети и практики кои се покажале како ефикасни за родителите и децата. Некои од нив вклучуваат: Давање на кратка и јасна листа на правила. Тие правила не треба да се ригидни, неадекватни за возраста и перфекционистички, туку на пример, за пишување домашна, местење на кревет итн. Да се кажуваат пофалби и да се става фокусот примарно на позитивното однесување на детето, секогаш кога тоа го пројавува, наместо само да се критикува погрешното. Така детето повеќе се мотивира да го повтори позитивното однесување. Се предлага и наградување на позитивното однесување (а под позитивно однесување се подразбира сè она што го води детето кон развој и учење на добри практики, а не слепа послушност на сè она што му одговара на родителот). Корисно е, исто така, да се зададе оределено време за домашни задачи и активности на секојдневно ниво, штому дава на детето континуитет, простор за подобрување на вештини и продуктивно одминато време. Воспоставувањето на рутина на денот исто така има големо значење за функционирањето на децата со АДХД (во почетокот, при воспоставувањето може да се користи и систем на награди). Позитивните и негативните последици за посакуваното или непосакуваното однесување е пожелно да бидат јасно објаснети однапред и да следат веднаш по однесувањето. Тие не треба да бидат преголеми или премали во споредба со значењето на однесувањето. На пример, несоодветно е детето да биде 2 недели казнето и му е одземен некој омилен предмет поради испуштена домашна задача, или пак да биде наградено со компјутер за извршување на некое секојдневно домашно задолжение.

Потребно е детето да се следи во развојот, а пред воведување на било кои техники, првично треба да се запази емоивната состојба на детето, да се задоволат сите потреби за кои е зависно од родителот, и да му се пружи многу љубов и внимание. Навремената и честата консултацијата со професионалци е исто така многу значајна во целокупниот процес на учење да се живее со состојбата,  но и да се подобрува.