Развивање на свесноста за себе и јас во однос со другите

(0) razvivanje-na-sevesnosta-so-sebe-i-jas-vo-odnos-so-drugite-sinteza.mk

Центар „Синтеза“ ви ја најавува првата од низата осум работилници во рамките на проектот „Поддршка на жените преку изградба на капацитетите за личен развој и самопочитување“, кој ќе се реализира во просториите на Центарот „Синтеза“ во Прилеп.
Тема на работилницата: „Развивање на свеста за себе и јас во однос со другите“
Датум: 29. 02. 2020 од 9.30 до 16.30 часот

Работилницата ќе ја водат:
Лариса Стојкович Трајкоска, гешталт психотерапевт и
Анета Јовковска, гешталт советувач

Работилницата е под покровителство на организацијата: Екуменска иницијатива на жените од Омиш, Хрватска и е бесплатна за пријавените учесници.
Бројот на учесници е ограничен на 20.
Пријавувањето на заинтересираните учесници е преку месинџер или на телефон: 078 402 470, најдоцна до 20.02.2020.

Ова е искуствено-едукативна работилница за свесноста. Целта е да се стекне искуство за тоа како можеме да ја истражуваме, прошируваме и продлабочуваме нашата свест.
Зошто е потребно да развиеме свест за себе и за себеси во однос со другите?
Развиената свест за себе е еден од атрибутите на емоционалната интелигенција и важен фактор за постигнување успех. Самосвеста е првиот чекор во креирање на она што го сакаме и добра основа за успешно совладување на ситуациите со кои се соочуваме во животот. Онаму каде што го насочуваме нашето внимание, нашите емоции, реакции и однесување одредува каде одиме во животот.
Да се има развиена самосвесност ни овозможува да видиме каде нѐ водат мислите и емоциите. Исто така, ни овозможува да ја преземеме контролата врз нашите емоции и однесување за да можеме да направиме промени какви што посакуваме. Самосвеста ни овозможува да ги разбереме и други луѓе – како тие нѐ перципираат, нашиот став и нашите одговори кон нив во моментот. Оваа ни овозможува подобри лични и професионални односи.

Љубов, зависност и слобода во партнерски и семејни односи

(0) ljubov-zavisnost-i-sloboda-sinteza.mk

Искуствено едукативна работилница за љубовта, зависноста и слободата во односот кон себе, кон другите и во партнерството, од перспектива на гешталт психотерапија.

Постои суштинска разлика помеѓу претставата за љубов и љубовта како умеење. Најголем број на љубовни проблеми и страдања призлегуваат од претставата на личноста за љубовта, која влијае и го креира нејзиното однесување во односите со другите.

Љубовта не е објективна појава или предмет, таа е субјективна состојба која се објективизира низ постапките кон личноста која е објект на љубовта, водена од субјективната претстава за љубовта. Претставата за љубов е формирана од верувањата за љубовта создадени низ искуството, од кои некои се дисфункционални и предизвикуваат проблеми, фрустрации и незадоволство во односот кон себе и другите.

Љубовта е умеење како и секое друго умеење. Љубовта е способност за давање кое е во зависна релација со степенот на развој на карактерот на личноста. Љубовта е постигнување на доминантна продуктивна ориентација. Во таква ориентација, личноста ги има надминато зависноста, нарцистичката семоќност, желбата да се експлоатираат другите, да се приграбува. Љубовта е верба во сопствените сили, храброст да се потпреме врз сопствената моќ во постигнувањето на сопствените цели. Љубовта е дете на слободата.

Цели на работилницата:

Преку искуствено едукативна работа да се дојде до сопствената претстава за љубов; да се истражи какво е значењето на претставата за љубов; како таа влијае во обликувањето и размислувањето за љубовта, љубовните чувства и индивидуалното однесување во односот кон себе и другите; постигување на увид за постоење на отпор и застој во овој процес, како и насоки за развој на стратегии за справување со нив.

Истражуваме и осознаваме кои се фазите низ кои минуваме од зависна приврзаност до зрела љубов.

Во делото „Уметноста на љубовта“ од Ерих Фром, зрела љубов е соединување под услов личноста да го зачува сопствениот интегритет и сопствената индивидуалност. Љубовта е активна сила на човект, сила што ги пробива ѕидовите кои го раздвојуваат човекот од неговите ближни и го соединува со другите. Љубовта и помага на личноста да го надмине чувството на осаменост и одвоеност, а сепак да и допушти да биде своја и да ја зачува автентичноста. Во љубовта се случува парадоксот две личности да станат едно, а сепак да останат двајца.

Работилницата ја водат:
Лариса С.Трајкоска – психолог, Гешталт психотерапевт,
НЛП едукатор
Ирина Николовска – психолог, интегративен и гешталт советник

Датум: 04.12.2019
Место: Јавна соба, 50-та Дивизија 22 – Скопје
Време: од 18:00 до 21:00 часот
Цена за пријавување и уплати на учесниците до 30.11.2019: 1200 ден.
Цена за пријавување и уплати на учесниците од 01.12.2019: 1500 ден.

☎ Пријавете се и потврдете го вашето присуство на
тел.078/402-470 и 078/984-262 или на
e-mail: sinteza.larisa@yahoo.com

За сите подетални информации слободно контактирајте нè.

Искуствено-едукативна работилница за стилови на семејно контактирање

(0) stilovi-na-semejno-kontaktiranje-sinteza.mk

Работилницата е наменета за сите кои што сакаат да ги осознаат стиловите на контактирање во семејниот систем, од перспектива на гешталт терапија.

Што добивате за себе од оваа работилница?

Истражуваме!!!
⇨Како во семејството се одвива процесот на контактирање?
⇨Како се одвива процесот на спојување?
⇨Како се одвива процесот на одвојување?

Запознавањето со стиловите на контактирање во семејниот систем е важно за да се осознае и освести како се комуницира во семејството и како тоа влијае врз растот и развојот на поединците кои се дел од него. Со зголемување на свесноста добиваме увид каде имаме застој и потреба од промена. Промените може да ги направиме и интегрираме во било кој дел од животниот циклус, сè со цел подобрување на квалитетот на живеењето.

Селфот на детето е всушност селф на семејството.

Селфот се менува во текот на времето низ процесот на развој т.е низ развојните фази на поединецот. Така постои разлика на селфот на детето и селфот на адолесцентот. Корените за развојот на селфот кај детето/адолесцентот треба да се побараат во семејството.

Семејството е основен систем во кој единката расте и се развива, во него детето учи како да го организира своето лично искуство и да се служи со своето искуство во интеракција со другите.

Работилницата ја водат
Лариса С.Трајкоска – психолог, Гешталт психотерапевт,
НЛП едукатор
Ирина Николовска – психолог, интегративен и гешталт советник

Дата: 23.10.2019
Место: Јавна соба, 50-та Дивизија 22 – Скопје
Време:од 18:00 до 21:00 часот
Цена за пријавување и уплати на учесниците до 20.10.2019: 1200 ден.
Цена за пријавување и уплати на учесниците од 21.10.2019: 1500 ден.

☎ Пријавете се и потврдете го вашето присуство на
тел.078/402-470 и 078/984-262 или на
e-mail:sinteza.larisa@yahoo.com

За сите подетални информации слободно контактирајте нè.