Развивање на свесноста за себе и јас во однос со другите

Центар „Синтеза“ ви ја најавува првата од низата осум работилници во рамките на проектот „Поддршка на жените преку изградба на капацитетите за личен развој и самопочитување“, кој ќе се реализира во просториите на Центарот „Синтеза“ во Прилеп.
Тема на работилницата: „Развивање на свеста за себе и јас во однос со другите“
Датум: 29. 02. 2020 од 9.30 до 16.30 часот

Работилницата ќе ја водат:
Лариса Стојкович Трајкоска, гешталт психотерапевт и
Анета Јовковска, гешталт советувач

Работилницата е под покровителство на организацијата: Екуменска иницијатива на жените од Омиш, Хрватска и е бесплатна за пријавените учесници.
Бројот на учесници е ограничен на 20.
Пријавувањето на заинтересираните учесници е преку месинџер или на телефон: 078 402 470, најдоцна до 20.02.2020.

Ова е искуствено-едукативна работилница за свесноста. Целта е да се стекне искуство за тоа како можеме да ја истражуваме, прошируваме и продлабочуваме нашата свест.
Зошто е потребно да развиеме свест за себе и за себеси во однос со другите?
Развиената свест за себе е еден од атрибутите на емоционалната интелигенција и важен фактор за постигнување успех. Самосвеста е првиот чекор во креирање на она што го сакаме и добра основа за успешно совладување на ситуациите со кои се соочуваме во животот. Онаму каде што го насочуваме нашето внимание, нашите емоции, реакции и однесување одредува каде одиме во животот.
Да се има развиена самосвесност ни овозможува да видиме каде нѐ водат мислите и емоциите. Исто така, ни овозможува да ја преземеме контролата врз нашите емоции и однесување за да можеме да направиме промени какви што посакуваме. Самосвеста ни овозможува да ги разбереме и други луѓе – како тие нѐ перципираат, нашиот став и нашите одговори кон нив во моментот. Оваа ни овозможува подобри лични и професионални односи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *